Појаснување во врска со прашањето за употребата на албанскиот јазик од приватни правни лица

Feb 24, 2024

Појаснување во врска со прашањето за употребата на албанскиот јазик од приватни правни лица

 

Појаснување во врска со прашањето за употребата на албанскиот јазик од приватни правни лица

Пред неколку дена медиумите се обратија до Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) во врска со неприфаќањето документи на два јазика од банките од второ ниво кои се активни во РСМ, документи што се издадени од јавни институции.

За попрецизно да го разјасниме мислењето и да избегнеме можни недоразбирања од нашиот одговор, го даваме следното појаснување:

1. Надлежностите на АПЈ се утврдени со член 19 од Законот за употреба на јазиците, според кој АПЈ има улога на поддршка на јавните институции.

2. Секоја јавна институција, правни лица кои вршат јавни овластувања, вклучително и приватни правни лица, се должни да го прифатат секој документ издаден од јавните институции на РСМ, без разлика дали е двојазичен или повеќејазичен.

3. Приватните правни лица се основани врз различни правни акти донесени од јавни институции, и како такви мора да го применуваат секој закон поврзан со нивниот клиент, вклучувајќи го и оној за јазикот.

4. АПЈ им сугерира на приватните правни субјекти, вклучувајќи ги и банките од втор степен, за да ги почитуваат своите клиенти, за да им понудат најквалитетни услуги, како и за да се избегнат можни погрешни толкувања што можат да произлезат од договорните обврски помеѓу приватното правно лице и неговиот клиент, а кои се засновани на јазична основа, приватното правно лице треба да ги нуди услугите и на мајчиниот јазик на клиентот. Ова би било мочне корисно за двете страни, како и да се покаже повисоко ниво на демократија и почит кон клиентот. Обезбедувањето услуги за клиентите дури и на нивниот мајчин јазик претставува прагматизам, почитување на постоечката различност во земјата, како и на најфундаменталното човеково право, правото на неговиот мајчин јазик.

Скопје, 24.02.2024 год.

You might also like

Informacion kontakti
  • rr., “Filipi i Dytë i Maqedonisë” nr. 11, kati i 3-të
    Shkup, Republika e Maqedonisë së Veriut

  • Phone number
    02 312 1731
  • Email
    info@apj.gov.mk